Top Sport

Боатенг заминува, следна дестинација ПСЖ

Џером Боатенг се подготвува да го напушти Баерн. 30-годишниот фудбалер ги известил челниците за својата одлука. Баварците веројатно за Боатенг ќе бараат 30 милиони евра.

Боатенг е играч на Баерн од 2011 година, кога за сума од 13,5 милиони евра во Минхен пристигнал од Манчестер сити. Постоеше опција тој минатото лето да го напушти клубот, меѓутоа ја одбил понудата на Пари Сен Жермен.

Откако започна пролетниот дел од сезоната во Бундес лигата, Боатенг не настапи на два натпревари (Штутгарт и Баер Леверкузен). Тој не криел дека е незадоволен од односот шо тренерот Нико Ковач го има кон него, поради што и ја донел одлуката да го напушти клубот.

Боатенг ќе се пресели во Пари Сен Жермен, каде што тренерот Томас Тухел му гарантира место во стартната постава.

Scroll to Top