Top Sport

На Нејмар му препорачале нова операција

Нејмар во Барселона бара решение за повредата на метатарсалната коска во десното стапало. Поради фрактура лани пред време ја заврши сезоната, а истата повреда оваа сезона ќе го одвои најмалку десет недели од фудбалските терени.

Најскапиот фудбалер во светот, две недели е во Барселона, кај докторот Рамон Куга. Две недели Бразилецот се лечи со матични клетки и „плазма богата со тромбоцити“.

Сепак, Нејмар во Барселона се консултирал и еден од докторите што работат во неговиот поранешен тим Барселона. Наводно добил совет проблемот да го реши со хируршки зафат.

Наводно, Нејмар не сакал да се оперира, бидејќи имал лошо искуство од минатата сезона.

Scroll to Top