Top Sport

Бобан гледал шах додека Милан ја освојуваа првата титула по цела деценија

Легендата на Милан и на хрватскиот фудбал, Звонимир Бобан даде опсежно интервју за „Ла газета дело спорт“, во кое ги критикуваше менаџерите на Манчестер сити, Пеп Гвардиола и на Ливерпул, Јирген Клоп, за нивното постојано жалење на напорниот фудбалски распоред.

„Тие треба да седнат со своите клубови и да разговараат со нив, бидејќи тие бараат повеќе европски мечеви за да добијат повеќе при. Никогаш не сум слушнал Франко Барези или Руд Гулит да се жалат бидејќи играа по 60 меча во сезона. Ниту, Марчело Липи или Фабио Капело, а освоија се што мое д се освои. Клоп и Гвардиола ќе ја освојат Премиерлигата со нивните клубови и ќе стигнат до полуфинале или финале на ЛШ и само се жалат. Имаат 25 ѕвезди и 5 замени по меч, навистина не ја сфаќам нивната логика. Можеби се работи за барање изговори“, вели Бобан.

Тој исто така се осврна и на минатогодишната титула која ја освоија Милан, признавајќи дека не го гледал одлучувачкиот меч против Сасуоло.

„Бев во мојата соба и гледав шах на Јутјуб, не се осмелував да го гледам меот. Прво им се јавив на Паоло Малдини и Рики Масара, а зборувв и со Стефано Пиоли кога беа во автобусот враќајќи се во Милано. Мојот татко и мојот син беа на стадионот, бидејќи се луди по Милан“, открива Бобан.

Scroll to Top