Поранешниот хрватски репрезентативец Звонимир Бобан и еден од најдобрите судии во историјата Пјерлуиџи Колина, во понеделникот, на конгресот во Анбердин, презентирале седум нови правила што ќе бидат воведен во фудбалот.
Новите правила во фудбалот:
1. Кога ќе се формира „жив ѕид“ противничките играчи повеќе нема да можат да бидат дел од него. Тие ќе мора да бидат оддалечени најмалку еден метар од него.
2. Кога голманот ќе ја уфрла топката во игра, од својот простор (петте метри), противничкиот фудбалер повеќе не мора да чека таа да го напушти шеснаесетникот, туку веднаш може да тргне кон топката.
3. Секое играње со рака, што ќе биде над висината на рамењата, ќе се казнува со пенал, без огледа дали ли имало или немало намера.
4. Гол со рака, доколку топката е напуцана во играчот повеќе нема да се признава
5. Тренерите и фудбалерите на клупата ќе можат да добиваат жолти и црвени картони.
6. Играчот кој треба да биде заменет ќе може да ја напушти играта на било кој дел од теренот.
7. Судиите повеќе нема да бидат „воздух“ доколку топката удри во нив. Доколку топката се одбие од судијата во гол-шанса или по контакт со него заврши во голот, акцијата ќе биде прекината и посед ќе има тимот што претходно ја имал топката.