Top Sport

Бобан лут на Газидис, изгледа се работи зад грб во Милан

Фудбалскиот клуб Милан неколку години е во сериозна криза, и институционална и играчка, а наводно еден од најбогатите во светот, Бернар Арно пројавил интерес да го купи клубот од „Сан Сиро“.

Сепак, на проблемите како да им нема крај. Иако се поправија (колку толку) играта и резултатите, настанаа нови преоблеми во Управата.

Додека двоецот Бобан-Малдини тврдеше дека тренерот Пиоли има потполна доверба, извршниот директор на Милан, Иван Газидис изјави дека контактира со германскиот стратег Ралф Рангник околу негов ангажман на клупата на трофејниот тим.

Вознемирен околу целата ситуација е Звонимир Бобан.

„Рангник? Не е добро да зборуваме за него, најлошо е што овие случувања го дестабилизираат клубот. Тоа што не не предупреди или извести (Газидис за Рангник) беше омаловажувачки и неелегантно. Тоа не е потег во стилот на Милан, барем не за оној Милан на кој јас се сеќавам. Разговаравме со Газидис, за доброто на клубот е најважно да се состанеме со сопствениците што порано“ – рече Бобан.

Факт е дека постојат проблеми во клубот, се чини дека сопствениците повеќе му веруваат на Газидис, за разлика од Бобан и Малдини.

Засега нема конкретни чекори и официјални изјави за целата ситуација.

Scroll to Top