Top Sport

Зајон Вилијамсон испиша историја во НБА

Младиот НБА кошаркар, Зајон Вилијамсон (19) стана првиот тинејџер во историјата на НБА лигата што на 10 натпревари во низа постигнува најмалку по 20 поени на меч.

Тоа не им пошло од рака ниту на кошаркари од типот на Мајкл Џордан, Леброн Џејмс и Коби Брајант.

Руки-ѕвездата на Пеликанс синоќа, при победата на неговата екипа кај Кливленд застана на 24 поени
Младиот кошаркар синоќа беше најсреќен кога соиграчот Џахил Окафор му рече дека е на нивото на Џордан.

Вилијамсон е првиот играч, по Џордан, кој на 4 меча по ред погодува барем по 25 поени со 57% успешност, а притоа ја игра својата прва сезона во НБА.

„Мајк? Моето име покрај Мајкл Џордан? Јако е. Се работи за еден од моите омилени играчи од детството. Мајка ми еднаш ми рече да следам како тој играл за да стигнам до неговото ниво“ – рече младиот кошаркар.

Scroll to Top