Бобан Николов, репрезентативец на Македонија, кариерата ќе ја продолжи во Италија. Николов, во текот на денот, треба да ги мине лекарските прегледи во Лече, а потоа и да потпише договор со овој тим.
Николов, од 2018 година играше во тимот на Фехервар, претходно кариерата ка градеше во Виторул од Констанца и Вардар.
Играчот од редот за врска ќе треба да му помогне на Лече, експресно да се врати во Серија А.
Лече, по 18 натпревари во Серија Б, се наоѓа на петтото место на табелата со 29 бода, осум помалку од водечкиот Емполи.
Николов ќе биде второто засилување за Лече во зимскиот преоден рок. Тимот од југот на Италија, во неделата потпиша договор со Данецот од Адмира Вакер, Хјумланд Мортен.