Top Sport

Бобан: Ова ќе биде еден „подобрен“ Милан

Новиот директор на Милан, Звонимир Бобан почна со работа во својот сакан тим и најави дека фановите на „росонерите“ ќе може да се надеваат на постепено враќање на славните денови, очекувајќи „многу подобар“ тим следната сезона.

Поранешниот фудбалер на „росонерите“ се откажа од работа во ФИФА за да работи со својот поранешен соиграч Паоло Малдини и Иван Газидис.

„Пресреќен сум што се вратив во Милано. Се надевам дека ќе имаме многу подобар Милан по оваа трансформација“, изјави Бобан.

Според италијанските медиуми, поранешниот хрватски репрезентативец бил клучен во обезбедувањето на потписот на играчот од средниот ред на Емполи, босанскохерцеговскиот репрезентативец Раде Круниќ од Емполи за само 8 милиони евра.

Scroll to Top