По заминувањето на Јасмин Репеша од тренерската позиција, црногорскиот Будуќност има намера да постави уште еден хрватски стручњак на клупата – Ацо Петровиќ, јавува „Спортклуб“.

Репеша минатата сезона не успеа да ја одбрани титулата од АБА лигата по контроверзниот пораз од Црвена звезда (3:2) и си замина и покрај солидната сезона во Евролигата.

За новата, сезона клубот од Подгорица решил да го побара поранешниот тренер на Цибона и Задар и ексселектор на Хрватска, Петровиќ, братот на легендарниот Дражен Петровиќ. Петровиќ во моментов работи како селектор на бразилската репрезентација, но тоа не би требало да претставува некоја пречка.