Лука Модриќ летово би можел да го напушти Реал Мадрид, објави „Скај Италија“. Според овој извор Хрватот кариерата би требало да ја продолжи во Милан.
Модриќ и минатото лето го селеа во Милано, но во Интер, сепак тогаш првиот човек на Реал, Флорентино Перез реши да не го продава.
Освојувачот на „Златната топка“ за 2018 година, зад себе има просечна сезона, но исто така ја има и довербата на старо-новиот тренер Зинедин Зидан.
Модриќ не е меѓу оние играчи на кои Зидан им соопштил дека нема да смета не нивните услуги, меѓутоа според „Скај Италија“ евентуалниот трансфер на Пол Погба или Дони ван де Бек во Реал, ќе значи дека Хрватот е вишок на „Сантијаго Бернабеу“.
За евентуалниот трансфер веќе преговарал новиот спортски директор на Милан, сонародникот на Модриќ, Звонимир Бобан.
Наводно кога бил во Мадрид и го договорил трансферот на Тео Ернандез, Бобан со челниците на Реал разговарал и за трансферот на Модриќ.