Top Sport

Бод против Бугарија во Разград: Македонија беше подобра, но не победи

Топспорт во Разград,
Никола Ѓуровски

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра 1:1 на гости против Бугарија во Разград, на отворањето на новиот циклус во Лигата на нации. Кирил Десподов донесе предност за Бугарите во 13.минута, а израмни Милан Ристовски со погодокот во 50.минута од натпреварот.


Македонија нападна од почетокот, притиснаа кон голот на противникот, но остави многу простор во позадина, а Бугарија тоа знаеше да го казни. Во 13.минута изведе противнапад, а Кирил Десподов ја доведе Бугарија во водство од 1:0.


Одбраната не го следеше откако проигра двојно и излезе сам пред Столе Димитриевски, а потоа не му беше тешко да реализира.

Енис Барди можеше да израмни, но неговата „бомба“ заврши во главата на потивничкиот голман.

Сепак, Македонија изрмани на 1:1 на почетокот на второто полувреме. Елмас влезе во шеснаесетникот и создаде проблеми за бугарската одбрана, а топката дојде до Милан Ристовски кој успеа да го матира Михаилов во 50.минута.

Езгјан Алиоски упати одличен шут од далечина, но Михаилов спречи пресврт за Македонија, само неколку минути подоцна. Сепак, остана 1:1 до крајот, иако се случи драма во самата завршница. Судијата Пињар покажа пенал за Бугарија, поради наводно играње со рака на Муслиу, но откако ја прегледа ВАР-снимката, сепак, ја поништи одлуката.

Следниот предизвик за Македонија во Лигата на нации е натпреварот на гости против Гибралтар на 5.јуни.

ЛИГА НА НАЦИИ

БУГАРИЈА – МАКЕДОНИЈА 1:1 (1:0)

Лудогорец Арена. Гледачи: 7.000. Судија: Жереми Пињар (Франција). Стрелци: Десподов 13′ (Бугарија), М. Ристовски 50′ (Македонија). Ж. картони: Миланов (Бугарија), Ашковски, Елмас (Македонија).

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Ашковски, Велковски (88′ Ристевски), Муслиу, Алиоски, Спировски (72′ Николов), Барди, Елмас, Чурлинов (46′ Давид Бабунски), Трајковски (46′ Миовски), М. Ристовски (72′ Дориан Бабунски).

БУГАРИЈА: Михаилов, Турицов, А. Христов, П. Христов, Недјалков, Крастев (59′ Костадинов), Миланов, Чочев, Неделев (71′ Стефанов), Десподов, Илиев (46′ Минчев).

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Scroll to Top