Top Sport

„Граѓаните“ шокирани во Норич (Видео)

Фудбалерите на Норич приредија големо изненадување во петтото коло, во Премиер лигата, со победата над Манчестер сити 3-2. Норич ја забележа втората победа во новата сезона, додека Сити го запиша првиот пораз и сега имаат пет бода помалку од Ливерпул.

Првиот гол на мечот го постигна Кени Меклин во 18 минута, во период на мечот кога немаше никакви возбудувања на теренот.

Само десет минути подоцна „канаринците“ ја зголемија предноста. Тему Пуки му асистираше на Тод Кантвел кој го совлада Едерсон.

До крајот на полувремето Серхио Агуеро успеа да ја напали предноста на Норич. Аргентинецот го постигна седмиот гол во сезоната.

На почеткот на второто полувреме Пуки ја искористи грешката на Николас Отаменди и повторно ја врати предноста од два гола за Норич.

До крајот Сити притискаа, создадоа неколку добри шанси, но само Родри во 88 минута успеа да го совлада Крул.

Scroll to Top