Исланѓанецот Јон Дади Бодварсон постигна хет-трик за англискиот второлигаш Рединг за 3:0 победа над Стивиниџ во преиграното трето коло од ФА купот, носејќи два различни дреса!
Првиот меч меѓу двата тима пред 10 дена заврши 0:0, а 25-годишниот Бодварсон беше ѕвездата на Рединг за да обезбеди дуел со уште еден второлигаш, Шефилд венсдеј, кои со 2:0 ги совладаа Карајл исто така во вторникот.
Бизарно, хет-трикот беше поставен во домашниот и во гостинскиот дрес на Рединг. Прво со сино-белиот дрес, тој постигна два гола пред полувремето, на кое судиите решија домаќините да ги облечат портокаловите гостински дресови поради тоа што имаа слични дресови со гостите.