Реал Мадрид е еден од клубовите кои во ниту еден момент не се откажаа од идејата за формирање на европската Суперлига. Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, открива дека првиот човек на Реал, Флорентино Перез, има план кој е насочен против УЕФА, ФИФА и Премиер лигата.
Флорентино Перез, заедно со Барселона и Јувентус, планира да формира Суперлига без англиските клубови. За потсетување, првичниот план за фромирање на лигата пропадна по само 48 часа, кога од Суперлигата се откажаа англиските клубови (Челси, Арсенал, Тотенхем, Манчестер сити, Манчестер јунајтед и Ливерпул).
„Флорентино никогаш не губи, секогаш може да смисли нешто ново. Суперлигата на богатите е концепт кој започна пред неколку години. Ова е проект на Перез, не на Реал Мадрид“, рекол Тебас и дополнил.
„Проектот постои и понатаму. Ќе почекаат да видат каква ќе биде реакцијата од Европската унија, поради што веќе работат на новиот проект. Лично мислам дека и тој ќе пропадне. Сакаат да организираат натпреварување без англските клубови. Се е насочено против ФИФА, УЕФА и Премиер лигата“.
Ваквата промена на курсот, се должи на одлуката на УЕФА да го укине финансискиот ферплеј. УЕФА ќе им овозможи на клубовите да трошат 70 отсто од приходите. Најголем бенефит од оваа одлука ќе имаат англиските клубови, кои имаат најмногу пари, најмногу поради телевизиските права.
Планот на Перез бил да формира Суперлига со клубови од Шпанија, Италија, Германија и Франција.