Top Sport

Бојан Миовски стрелец против великанот Глазгов Ренџерс

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски беше стрелец на погодок во триумфот (2:0) на својот тим Абердин против шкотскиот великан Глазгов Ренџерс. Нашиот интернационалец успеа да постигне убав погодок во 57.минута за предност од 2:0, откако претходно неговиот соиграч Лијам Скејлс го отвори резултатот.

Абердин по овој триумф се наоѓа на третата позиција на табелата во првенството на Шкотска со 53 бода, а Глазгов Ренџерс е место погоре со 79. На врвот е Селтик.

Scroll to Top