Top Sport

Бојкотот не и дозволи на УЕФА да ги врати младите руски селекции во системот на натпреварување

Младата руска репрезентација овој месец нема да може да учествува во квалификациите за Европското првенство до 17 години, соопшти денеска УЕФА.

Голем број федерации членки се спротивставија на играње со Русија на кое било меѓународно ниво, што ја натера УЕФА да се откаже од својата одлука да ги интегрира руските млади селекции во меѓународните натпреварувања.

На 26 септември, УЕФА ја олесни својата политика, наметната неколку дена откако Русија ја нападна Украина минатата година, да ги забрани сите настапи на национални и клупски тимови на меѓународни натпреварувања.

Овој потег го подели Извршниот комитет на УЕФА, а претставниците од Англија, Полска и Велс одбија да го поддржат предлогот, додека најмалку 12 од 55-те федерации членки рекоа дека нивните тимови ќе продолжат да одбиваат да играат натпревари против Русија.

Во последните две недели УЕФА се обидуваше да најде начин како да ја вклучи Русија во своите натпреварувања.

По вториот состанок, УЕФА денеска соопшти дека „точката од дневниот ред е повлечена бидејќи не е најдено техничко решение што ќе им овозможи на руските селекции да играат“.

Scroll to Top