Фудбалерите на Ривер Плата ги совладаа своите вечни ривали Бока Јуниорс со 2-0 во првиот полу-финален натпревар во Копа Либертадорес. Минатата година овие ривали се сретнаа во финалето, кое крајот го доживеа на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид и заврши со победа на Ривер.
Ривер Плата од почетокот, носени со поддршката од трибините, на своите ривали им покажа дека тие се актуелни шампиони.
По консултацијата со ВАР, судијата во седмата минута досуди пенал за Ривер Плата. Сигурен изведувач беше Боре.
Ривер доминираа и во останатиот дел од натпреварот. Предноста ја дуплираа во 70 минута кога гол постигна Фернандес.
Бока Јуниорс натпреварот го завршија со фудбалер помалку. Во последните секунди од натпреварот поради груб старт директен црвен картон добиКапалдо.
Реваншот на стадионот на Бока Јуниорс ќе се одигра на 23 октомври.
Втората полу-финална двојка ја формираа бразилските тимови Фламенго и Гремио.