Фудбалерите на Бока јуниорс се пласираа во финалето на Копа Либертадорес, откако по победата од 2:0 на домашен терен, во реваншот со Палмеирас во Сао Паоло одиграа 2:2.
Прашањето на вториот финалист во Копа Либертадорес, практично беше решено во 18.минута кога Абиља постигна гол за Бока јуниорс. Палмерирас тогаш тргна во невозможна мисија да постигне четири гола за евентуално финале, но успеаја само да направат пресврт. Луан во 53. и Гонес во 60.минута од пенал беа стрелци на головите за бразилскиот тим.
Сите надежи на Палмерирас го урна Бенедето во 70.минута кога го постави конечниот резултат.
Бока е шест-кратен освојувач на Копа Либертадорес, а во своето 11.финале за седмиот трофеј ќе се бори со градскиот ривал Ривер Плата.