Хорхе Алмирон, ден по поразот од Флуминенсе, во финалето на Копа Либертадорес, ја напушти Бока јуниорс. Одлуката прво му ја соопштил на потпретседателот, Хуан Роман Рикелме.
Алмирон во текот на сезоната на клупата го наследи Уго Ибара, кој доби отказ и покрај тоа што претходно беше шампион на Аргентина.
Бока често менува тренери, како и повеќето клубови во Јужна Америка. Алмирон не се прослави на клупата на великанот од Бомбонера. На 42 натпревари победи само на 17, имаше 13 нерешени и дури 12 порази.
Во саботата, Бока остана без трофејот во Копа Либертадорес, кој му припадна на Флуминенсе благодарение на голот на Кенеди во 99.минута