Бока јуниорс го доби првото Суперкласико оваа година. Во седмото коло, во Лига купот на Аргентина, Бока победи на теренот на Ривер Плејт со 1:0. Бока ја прекина серијата од осум натпревари без триумф над најголемиот ривал.
Натпреварот на „Монументал“, го реши грешката на Леандро Гозалес и снаодливоста на напаѓачот на Бока јуниорс, Себастијан Виља.
Во 54.минута, Виља ја искористи лошата реакција и недоразбирањето на Гонзалес со голманот Франко Арамни.
До крајот на мечот Ривер Плејт доминираа, но не успеаја да г совладаат брилијантниот Роси. Голманот на Бока јуниорс, мечот го заврши со осум одбрани.
Бока јуниорс во Б-групата, се наоѓа на второто место со 14 поени, колку што има и лидерот Естудијантес. Ривер Плејт се трети во А-групата со 13 поени.