Top Sport

Бока ќе ја бара титулата без фудбал – ќе го тужи ЦОНМЕБОЛ во Женева!

Победникот на овогодишниот Копа Либертадорес може да биде одлучен на суд, откако од Бока јуниорс потврдија дека не се задоволни од одлуката на ЦОНМЕБОЛ да го одложи вториот меч со Ривер Плата на 8 и 9 декември надвор од Аргентина.

Претседателот на клубот, Даниел Ангеличи, потврди дека прво ќе ја почекаат одлуката на дисциплинскиот трибунал на ЦОНМЕБОЛ, а дека потоа се подготвени да одат на Судот за арбитража во спортот (ЦАС) во Женева. Тој и клубот бараат казни за Ривер, бидејќи навивачите на ривалскиот клуб го нападнаа автобусот на Бока, а не обратно.

„Побаравме казни бидејќи имаше големи инциденти. Се надевам дека ќе донесат нормална одлука и ќе ги исполнат своите правила. Има многу вакви примери. Морам да се грижам за интересите на нашите членови. Поднесовме видеа, фотографии и докази и чекаме фер-одлука. Ако не го направат тоа, ќе одиме до Судот за арбитража во спортот (ЦАС)“, вели Ангеличи.

КОНМЕБОЛ: Ривер и Бока финалето ќе го играат надвор од Аргентина, на 8 или 9 декември

Scroll to Top