Top Sport

Тркање во крвта – „лудата“ Флерш вети дека ќе се врати во Макау по хорор-судирот (видео)

Германската тинејџерка, Софија Флерш вети дека ќе се врати во Макау за нова Ф3 трка, откако минатата недела за малку ќе го загубеше животот во еден од најстрашните тркачки инциденти во последната деценија.

17-годишната Флерш буквално „летна“ со својот болид со брзина од 200 км/ч удирајќи во платформата за фотографите, по што беше на десетчасовна операција за скршениот ’рбет, повреда која за среќа не ја остави парализирана. Една недела подоцна, таа на прес-конференција вети дека ќе продолжи да го „брка својот сон“.

„Мислам дека видеото кажува сѐ, да бидам искрена. Ова беше мој прв голем инцидент и ми требаше време да го надминам, но сега сум на тоа место. Сега е време за ново поглавје. Судирот беше лош, но Ван Амерсфорт има многу стабилна шасија. Уште сум тука, одам и сѐ е во ред. Сега ќе продолжам и ќе се вратам таму каде што се случи тоа“, изјави Флерш.

Флерш остана со скршен ’рбет по шокантниот судир (видео)

Scroll to Top