Top Sport

„Болница“ во Реал – Крос во аут неколку недели со скинат мускул

Проблемите на Сантијаго Солари со повредите продолжуваат да се „нижат“, откако германскиот ас Тони Крос му се приклучи на Герет Бејл на листата на фудбалери на кој тренерот на Реал Мадрид не може да смета.

Крос ќе пропушти неколку недели од акција, откако од Реал потврдија дека скинал мускул во бутот при 2:0 поразот од Реал Сосиедад во неделата, меч во кој тој беше повлечен на десет минути пред крајот.

Отсуството на Крос се надополнува на другите маки на тренерот Солари, кој во моментов е без Герет Бејл (повреда на бутот), Маријано, Марко Асенсио и Маркос Љоренте.

Фото: ЕПА

Scroll to Top