Top Sport

Синот на Џорџ Веа позајмен во Селтик

Селик потврдија дека го обезбедиле Тимоти Веа на шестмесечна позајмица од Пари Сен-Жермен, со што синот на либериската фудбалска легенда Џорџ Веа (кој од неодамна е и претседател на оваа земја), ќе се „кали“ во шкотската Премиер лига.

Веа јуниор постигна два гола во шест натпревари за ПСЖ и станува втор позајмен играч за Селтик во јнауари, по доаѓањето на крилото Оливер Бурк од Вест бромвич албион.

18-годишниот Веа, кој настапува за американската фудбалска репрезентација, ја започна сезоната фантастично, заменувајќи ги Нејмар и Килијан Мбапе по Мундијалот, но по нивното враќање, не добиваше многу шанси од тренерот Томас Тухел.

„Тимоти е млад талент, но и човек кој веќе има искусено фудбал на највисоко ниво. Имавме среќа што можеме да го донесеме и ќе внесе нова свежина во нашиот тим“, вели менаџерот на шкотскиот шампион, Брендан Роџерс.

Scroll to Top