Top Sport

„Болница“ во Торино – Јуве го загуби и Бентанкур

Јувентус има вистинска криза со повредите на фудбалерите од средниот ред, откако Маурицио Сари призна дека Родриго Бентанкур има „посериозна“ повреда на коленото.

Уругваецот излезе куцајќи при 3:1 поразот од Лацио и Сари признава дека првите прогнози не се ветувачки.

„Бентанкур ќе оди на тестови, но изгледа се работи за проблем со лигаментите, и ќе видиме колку е тој сериозен. Тој е многу важен фудбалер за нас во моментов, така што ни недостасуваше кога излезе“, изјави Сари.

Миралем Пјаниќ доби жолт, а Хуан Квадрадо црвен картон против Лацио, што значи дека двајцата нема да се достапни за мечот со Удинезе, Сами Кедира е во аут три месеци по операцијата на коленото, додека проблеми со физичката подготвеност имаат и Даглас Коста, Арон Ремзи и Адриен Рабио.

„Ќе мораме да најдеме некое решение во наредните денови. Федерико Бернардески и Ремзи може да играат на таа позиција, но ќе видиме“, додава Сари.

Scroll to Top