Top Sport

Жаирзињо му ја „расцепи“ устата на Оверим со нокаут во финишот (видео)

Во еден од најинтересните мечеви на УФЦ ДЦ во Вашингтон, Жаирзињо Розенстрајк беше блиску до првиот пораз во кариерата, пред на само четири секунди пред крајот да го нокаутира Алистер Оверим со пеколен нокаут.

Оверим водеше кај тројцата судии со 40:36/39:37/39:37 по првите пет рунди со подобра борба, пред Суринамецот да одговори со неверојатниот нокаут.

„Сега во март го чекам Френсис Нгану. Се надевам дека ќе приредиме вистинско шоу“, изјави Розенстрајк.

Scroll to Top