Фудбалерите на Болоња, на „Олимпико“ ја победија Рома со 3:1 во натпреварот од 33. коло на Серија А. Болоња со оваа победа речиси обезбеди место во Лигата на шампионите наредната сезона.
Гостите поведоа во 14. минута, иако Рома прва имаше сериозна шанса. Голот за гостите го постигна Ел Азузи.
Гредата на голот на Рома се затресе во 42. минута по одличниот удар на Алексис Салмакерс, а мрежата во 45. минута кога погоди најдобриот стрелец на Болоња, Џошуа Зиркзе.
Рома успеа да возврати во 56. минута. Сардар Азмун ја дочека одбиената топка и ја испрати во мрежата. Но надежите на домашните дека можат да останат непоразени згаснаа девет минути подоцна кога Салемакерс со лоб ѕдар реализираше контра на болоња.
Со оваа победа Болоња се зацврсти на четвртата позиција со седум бода повеќе од Рома, која има меч помалку и осум бода повеќе од Аталанта.