Top Sport

Болоња дадоа гол по 55 секунди, но освоија само поен против Беневенто

Петочниот дуел на двете екипи од средината на табелата во Серија А, Болоња и Беневенто заврши без победник, 1:1, откако гостинскиот тим на Пипо Инзаги успеа да се врати од раното водство на својот поранешен клуб Болоња во второто полувреме.

Никола Сансоне постигна гол за домаќините по само 55 секунди по истрчувањето на Муса Бароу за надежи за втора победа во низа за тимот на Синиша Михајловиќ, меѓутоа Николас Виола во 60-тата минута успеа да израмни за Беневенто.

Двата тима сега имаат по 24 поени – Болоња е на 13. место, а Беневенто на 14.

Scroll to Top