Top Sport

Лајпциг од Франција носи млад стопер за 15 милиони евра

Мохамед Самакан е нов фудбалер на германски Лајпциг. Французинот игра на позиција стопер и има само 20 години. Во Лајпциг доаѓа д редовите на француски Стразбур за 15 милиони евра.

Тој ќе биде на позајмица во моментно второпласираната екипа во Бундеслигата до јули, од кога се очекува да продолжи со „биковите“.

Дефанзивецот е роден во Марсеј, па кога имал 16 години се преселил во Стразбур каде ги помина младите категории и во 2018 година влезе во друштво на сениорите.

Освен стоперската, ја покрива и десната бековска позиција, но добро се снаоѓа и на позиција последен во средниот ред.

Сезонава одиграл 19 меча за Стразбур во Лига 1 и запиша 1 гол и 1 асистенција.

Scroll to Top