Top Sport

Болоња го доби дербито на Емилија-Ромања, нова мизерија за Парма

Дербито на италијанската провинција Емилија-Ромања, помеѓу Болоња и Парма овојпат беше битка за драгоцени поени за опстанок, кои ќе останат кај Болоња по убедливата 3:0 победа благодарение на Муса Бароу.

Двата тима беа меѓу последните четири во Серија А пред овој викенд, но Парма се во далеку полоша ситуација, откако се на претпоследното место и го сменија Фабио Ливерани да го вратат Роберто Д’Аверса на клупата. Ова не помогна во лошото прво полувреме за Дукали.

Никола Сансоне во 15. минута му намести гол на Бароу за водство на Болоња, а во 33. минута повторно истите двајца фудбалери да бидат главни и во вториот гол на тимот на Синиша Михајловиќ. Во 92. минута, Рикардо Орсолини стави печат на победата.

Болоња сега има 23 поени на 13. место на табелата, десет повеќе од Парма, која останува претпоследна.

Scroll to Top