Top Sport

Може и вака – Дијаш со влечење за врат го „намести“ Зинченко

Практиката дефанзивните фудбалери да „легнуваат“ под живиот ѕид во фудбалските мечеви донесе бизарна ситуација на дербито Ливерпул-Манчестер сити, кога Рубен Дијаш го крена за глава Олександер Зинченко за да го намести на вистинската позиција.

Потегот на Дијаш, кој според многумина е едно од најдобрите засилувања на Сити последните неколку сезони, на крајот не беше толку важен, бидејќи обидот на Тијаго Алкантара заврши во живиот ѕид.

Scroll to Top