Извршниот директор на Болоња, Клаудио Фенучи вели дека клубот ќе му понуди на Синиша Михајловиќ, заддржувајќи го српскиот тренер на „Ренато Дал’Ара“ на „долги патеки“.
Болоња во моментов се на 10. место во Серија А, откако минатата сезона Михајловиќ успеа да обезбеди опстанок во елитата, и Фенучи вели дека Михајловиќ, кој се бори со леукемијата, е во нивните планови.
„Би сакале тој да остане долго со нас. Размислуваме на долги патеки со Синиша, ја цениме неговата работа и тој ни кажа дека сака да остане во Болоња. Ќе видиме дали наскоро можеме да го продолжиме договорот“, вели Фенучи.