Top Sport

Еванс: Новак и Рафа да не бараат изговори, мора да играат во Њујорк

Британскиот тенисер број 1, Ден Еванс вели дека Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал имаат обврска да играат на САД опен во Њујорк и дека загриженоста на Ѓоковиќ околу рестрикциите се проблем само за високорангираните тенисери.

Гренд слемот на Флешинг Медоуз во Њујорк треба да стартува на 31 август, иако американскиот град е еден од најпогодените од корона вирусот, а веќе десетина дена има и постојани протести. Ѓоковиќ, кој победуваше во Њујорк во 2011, 2015 и 2018 смета дека ограничувањата на хигиената ќе го направат неговото учество речиси невозможно, но Еванс не се согласува.

„И тенисерите мораат да живеат со корона вирусот и ограничувањата.  Не мислам дека ограничувањето на еден човек во клубот е голема работа, бидејќи повеќето тенисери и така патуваат само со својот тренер. Не патуваат сите со физиотерапевти, фитнес-тренери и други луѓе како Новак, така што тој аргумент не стои“, вели Еванс за „Би-би-си“.

Тој исто така смета дека тие треба да играат на гренд слемот за да се оддржи квалитетот на турнирот.

„Сега е време тенисерите да бидат заедно и Новак и Рафа треба да помогнат на понискорангираните да добијат добра исплата. Секако, не се работи само за парите, но доволно е безбедно да се игра турнир“, додава Еванс.

Scroll to Top