Top Sport

Болоња подготвиле милиони за Ибрахимовиќ

Челниците на Болоња биле подготвени да го „одврзат кесето“ за да го донесат во јануарскиот преоден рок Златан Ибрахимовиќ.

Италијанските медиуми тврдат дека претседателот на Болоња, Џои Сапуо им дал дозвола на своите претставници да му понудат на Швеѓанецот 18 месечен договор вреден осум милиони евра.

Поранешниот фудбалер на Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ и Манчестер Јунајтед има договор со Лос Анџелес Галакси до крајот на декември.

Ибрахимовиќ се поврзува со неколку екипи, минатата недела се појавија шпекулации дека тој би можел да заврши во Наполи чии предводник е неговиот поранешен тренер Карло Анчелоти, додека Шпанците тврдеа дека тој ќе заврши во Атлетико Мадрид.

Самиот Ибрахимовиќ минатиот месец рекол дека не би се противел кога би добил можност да игра кај својот голем пријател Синиша Михајловиќ.

Од друга страна челниците на Лос Анџелес Галакси најавија дека ќе преговараат со него за нов договор.

Газдата на Болоња во своја сопственост го има и клубот од МЛС, Монтреал Импакт, имал голема желба да го донесе Ибрахимовиќ и веќе започнал да бара спонзори кои би го плаќале неговиот договор.

Scroll to Top