Top Sport

Кинг им пресуди на Манчестер Јунајтед (Видео)

Манчестер Јунајтед кај Борнмут попладнево го забележаа четвртиот пораз оваа сезона во Премиер лигата. Јунајтед ја прекинаа серијата од три гостински победи. „Црвените ѓаволи“ по 11 рунди имаат 13 бода што претставува најлош старт во првенството уште од сезоната 1986/87.

Борнмут до победата дојдоа благодарение на мајсторијата што ја изведе Џошува Кинг и „меката“ реакција на дефанзивфите на Јунајтед. Ова беше прв гол за Борнмут по пауза од три натпревари.

Борнмут ја забележаа четвртата победа во сезоната и со 16 бода се наоѓаат на шесттото место на табелата.

Scroll to Top