Италијанските медиуми тврдат дека српскиот тренер Синиша Михајловиќ ќе го замени Филипо Инзаги на клупата на Болоња, во обид тимот да остане во Серија А.
Според повеќе извори, Михајловиќ има договор до крајот на сезоната, со опција за уште една година доколку ги заддржи Болоња во Серија А. Ова би било враќање за Србинот на „Ренато Дал’Ара“, бидејќи тој беше на чело на клубот во 2008/09.
Михајловиќ беше отпуштен од португалскиот Спортинг Лисабон само девет дена откако беше именуван поради смена на претседателот на клубот и сега бара огромна отштета од клубот. Тој има огромно искуство во Италија, каде што беше тренер на Фиорентина, Катанија, Сампдорија, Милан и Торино.
ОБНОВЕНО: Болоња ја потврди смената на тренерот.
Фото: ЕПА
Siniša Mihajlović è il nuovo allenatore del Bologna ✍️
Bentornato mister ?#WeAreOne ?? pic.twitter.com/KVttr8aLVO
— Bologna Fc 1909 (@BfcOfficialPage) January 28, 2019