Top Sport

Фенербахче, конечно, победи! (видео)

Клубот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, Фенербахче, конечно, стигна до нова победа во турската Суперлига, со тешки 3:2 против Малатија.

Фенер поведе уште во втората минута преку Екиџи, но во 28. минута гостите израмнија. Екиџи повторно ги донесе Фенер во водство пред Доналд да израмни на 2:2 пред крајот на полувремето. Шанса за победа Фенербахче имаше во 61. минута, но Топал во 87. минута донесе драматична победа.

Ова е само четврта победа оваа сезона за славниот клуб, кој, конечно излезе од зоната за испаѓање и сега е на 14. место со 20 поени. Елмас одигра 81 минута од мечот.

Додека славниот клуб од Истанбул се бори за опстанок, новата истанбулска сензација Башакшехир граби кон титулата со 41 поен, шест повеќе од Галатасарај. Башакшехир со 2:0 ги совлада Касимпаша предводени од босанскохерцеговскиот репрезентативец Един Вишќа, кој постигна гол и имаше асистенција.

Scroll to Top