Top Sport

Болоња се спасија од пораз против Фиорентина (Видео)

Болоња и Фиорентина одиграа 1:1 во првиот меч од денешната програма во Серија А. Натпреварот на „Ренато Делара“ стадионот во Болоња го обележаа два спектакуларни гола.

Фиорентина во Болоња не успеа да ја прекина серијата од седум натпревари без победа. „Виолетовите“ беа три минути оддалечени од победата, меѓутоа сништата за прв триумф по речиси два месеци им ги урна Орсолини со спектакуларен гол од мртов агол.

Претходно гостите од Фиренца имаа предност со брилијантниот гол на Бенаси во првото полувреме.

По овој меч Болоња ќе остане на десеттото место со 23 бода, додека Фиорентина е пет места подолу со пет поени помалку.

Scroll to Top