Top Sport

Сити и Ливерпул го следат хит-играчот во Премиер лигата

Ливерпул и Манчестер сити покажале сериозен интерес за фудбалерот на Вулверхемптон Адама Траоре, тврди „Дејли Стар“ во своето денешно издание.

Според овој извор менаџерите на двата најдобри клуба во Англија, биле импресионирани од квалитетите што 23 годишникот ги покажал против нивните тимови.

Траоре беше клучниот човек во неверојатниот пресврт што го направи Вулверхемтпон неодамна против Манчестер сити, а во наредниот меч против Ливерпул им направи многу проблеми на дефанзивците на „црвените“.

„Дејли Стар“ пишува дека Вулвс нема да се противат да го продадат својот фудбалер, но само доколку понудената сума не е помала од 80 милиони евра.

Наводно Јирген Клоп и Пеп Гвардиола биле шокирани кога дознале колку пари бараат „волците“ за Траоре.

За овој играч интерес имало и кај Барселона, бидејќи тој фудбалското знаење го стекнал во академијата на каталонскиот клуб, Ла Масија.

Адама Траоре сезонава настапил на 31 натпревар, забележал пет гола и седум асистенции.

Scroll to Top