Top Sport

Болоња за две минути дојде до три поени во Верона (видео)

Претпоследнопласираната Верона го намачи тимот на Болоња, пред гостите да стигнат до 3:2 победа со пресврт.

Болоња доминираше во играта и во првото полувреме, но губеше со 2:1, откако Алесио Черчи и Мартин Касерес постигнаа голови за Хелас Верона, додека Матија Дестро стрелаше за Болоња.

Клучни за победата беа две минути во второто полувреме, кога прво Орџи Овонкво го совлада голманот на Верона во 74. минута, пред само две минути подоцна Гонфред Донса да го запечати деветтиот пораз во 13 кола за Верона и да ги остави со само 9 поени.

Болоња со трите поени е на 10. место во Серија А со 17 поени.

Scroll to Top