Top Sport

Еибар го „здроби“ Бетис (видео)

Еибар излезе од зоната за испаѓање во шпанската Ла лига откако во неверојатен меч со 5:0 ги „здроби“ Реал Бетис.

Еибар одигра одличен меч, додека одбраната на гостите од Севилја се посрамоти. Домаќините дојдоа во водство уште во шетстата минута со автоголот на Амат, по што Ескаланте во 30. минта го зголеми водството.

Црвениот картон на Манди за фаул во шестнаесетникот донесе поголема слобода на домашните фудбалери кои со двата гола на Шарлес и уште еден на Серхи Енрих ја комплетираа одличната победа.

Scroll to Top