Top Sport

Болоња за отказот на Михајловиќ: За жал, ова беше неизбежно

Болоња и официјално го потврдија отказот за тренерот Синиша Михајловиќ, објаснувајќи дека одлуката била „неизбежна“ поради слабите резултати во првите пет кола и покрај тоа што тој ја пропушти пред-сезоната поради борбата со леукемијата.

„Ова одлука, за жал, беше неизбежна и покрај силната врска која се креираше во клубот и целиот град во овие драматични три и пол години. За жал, дури и големи спортски периоди кои носат вакво задоволство, понекогаш го губат првичниот момент. Му се заблагодаруваме на Синиша и неговиот тим за работата која ја завршија во необични услови со исклучителна посветеност и професионализам“, се вели во објавата на клубот.

Српскиот тренер беше на чело на клубот од јануари 2019 година, а врската со неговите играчи и навивачите стана посилна откако му беше дијагностицирана леукемијата во јули 2019. Тој помина цело лето со хемотерапија и беше на операција на пресадување на коскена срж и целосно се опорави, пред овој јуни повторно да заврши во болница, за нова тура хемотерапија. По 3 ремија и 2 порази, тој доби отказ и си заминува со 43 победи, 34 ремија и 53 порази.

„Ова е најтешката одлука која ја направив како претседател на Болоња. Во текот на годините имавме прекрасни и тешки моменти со Синиша, со кого имав професионален и човечки однос“, вели претседателот на клубот, Џои Сапуто.

Scroll to Top