Најбрзиот човек во светот, Јусеин Болт, рекол дека до крајот на ноември ќе соопшти дали сака да продолжи со фудбалската кариера.
Светскиот рекордер на 100 и 200 метри, поради мегаломанските барања, не успеа да добие договор со Централ Коуст Маринерс. Болт во Австралија, неколку месеци тренираше со овој клуб, а успеа да постигне и два гола на пријателски натпревар.
„Не потпишав договор со Маринерс, што значи дека таа приказна е завршена. Сепак, оттогаш добив многу други понуди. Во моментов размислувам што да правам во иднина. До крајот на ноември ќе решам дали ќе му се приклучам на некој клуб, или едноставно ќе се откажам“, рекол Болт.
Освојувачот на осум златни медали на Олимписките игри, се збогуваше со атлетика во 2017 година и оттогаш се обидува да започне фудбалска кариера.