Легендарниот атлетичар од Јамајка, Јусеин Болт, во саботата пристигнал во Австралија, каде што има намера да ја започне фудбалската кариера. Осумкратниот олимписки шампион ќе тренира во наредниот период со Централ коуст маринерс од Госфорд.
Болт во Австралија со оваа екипа ќе тренира на „неодредено“. Во клубот се надеваат дека Болт ќе биде подготвен да игра во А-лигата, за да му понудат целосен договор за сезоната 2018/2019.
„Реков дека ова е вистина, јас не се шегувам. Овде сум за да покажам што можам. Знам за што сум способен и што можам да направам“, рекол Болт по доаѓањето во Госфорд, каде што бил пречекан од мала група на навиваќо.
Најбрзиот човек во светот, во вторник ќе го има првиот тренинг.