Top Sport

Заза во Торино

Симоне Заза е нов играч на Торино, објави клубот што сезонава има високи амбиции во Серија А.

Италијанскиот репрезентативец во Торино ќе настапува како позајмен играч. Клубот за Заза ќе и плати на Валенсија два милиони евра, а наредното лето ќе има обврска да го откупи неговиот договор за 12 милиони евра.

Според шпекулациите, Заза во Торино, ќе има годишна плата од 1,5 милиони евра.

Scroll to Top