Top Sport

Болтон е „спасен“, нема да биде исфрлен од третата англиска лига

Поранешниот премиерлигаш Болтон е „спасен“ и нема да биде ликвидиран како третолигашот Бјури, откако во средата потврдија дека „Фудбал венчрс“ го комплетираа преземањето на клубот.

Третолигашот Болтон доби ултиматум од 14 дена да докаже дека има средства да продолжи со натпреварувањето или ќе го следеше примерот на Бјури (клуб формиран во 1885 година) надвор од Англиската фудбалска лига.

Во текот на викендот се сметаше дека презмањето на клубот е „пропаднато“, но денеска Болтон потврди дека има договор.

„Ова беше најкомпликуваниот стечај во кој сум бил вклучен, но можам да се пофалам дека конечно има задоволувачки крај со продажбата на клубот“, изјави стечајниот управник, Пол Еплтон.

Болтон е формиран пред 145 години, а испадна од Премиер лигата во 2011/12 година. Тие се на последното место во Лига 1 со 11 поени, откако добија казна од 12 поени за стечајот. Во саботата загубија со 5:0 од Ипсвич, трет натпревар во низа во кој примаат пет гола.

Scroll to Top