Top Sport

Болтон откажаа меч поради грижа за своите млади фудбалери

Болтон го откажа утрешниот меч против Донкастер роверс поради загриженост за своите млади фудбалери, откако банкротираниот третолигаш мораше да ги игра мечевите од оваа сезона со јуниорите и имаа само три сениори при 5:0 поразот од Транмир во саботата.

„Со големо жалење и чувство на фрустрација мораме да го одложиме мечот против Донкастер. Иако казната која лигата ќе ни ја даде е реална, мораме да мислиме за доброто на младите фудбалери. По консултации со медицинскиот тим, не смееме да дозволиме уште еден меч кој би можел да влијае лошо на нивниот развој и нивното здравје“, се вели во соопштението на тимот.

Болтон официјално се во стечај чекајќи го преземањето на клубот од компанијата „Фудбал венчрс“, откако поради финансиски проблеми минатата сезона си заминаа сите професионални фудбалери откако прво штрајкуваа поради неисплатени плати.

Болтон со деца на теренот извлече супер-поен против Ковентри (видео)

Scroll to Top