Top Sport

Болтон со деца на теренот извлече супер-поен против Ковентри (видео)

Тимот на Болтон вандерерс, еднаш премиерлигаши, го минува најтешкиот период во 145-годишната историја на клубот, откако по проблемите со финансиите добија казна 12 поени и станаа првиот клуб од англиските лиги кој влегол во стечај.

Токму поради овие проблеми, менаџерот Фил Паркинсон мора да избере млади и неискусни фудбалери од нивната школа во првите мечеви од сезоната – нивниот капитен има само 20 години, а возраста на другите фудбалери е напишана покрај нивните имиња на оваа листа.

Но, овој „скрпен“ тим успеа гордо да оддолее на Ковентри сити во третата англиска лига и одигра 0:0. Најстариот фудбалер на теренот за Болтон имаше 24 години, а просечната возраст на тимот 19 години.

Scroll to Top