Top Sport

Бонавентура проговори по тажното збогување со Милан

Џакомо Бонавентура заминува од Милан по шест сезони, и се заблагодари на клубот за „неверојатното“ искуство откако во текот на викендот фотографијата како се збогува со празниот „Сан Сиро“ стана хит во Италија

30-годишниот фудбалер од средниот ред пристигна од Аталанта во септември 2014 и оттогаш одигра 184 меча за Милан постигнувајќи 35 гола и 30 асистенции. Неговиот договор заврши ова лето, и „росонерите“ не му понудија продолжување.

„Ви благодарам, го живеев мојот сон. Годините кои ги поминав во Милан за мене остануваат незаборавно искуство. Сакам да се заблагодарам на сите кои беа дел од оваа фантастична авантура. Претседатели, менаџери, тренери, соиграчи, доктори и физиотерапевти. Благодарност до фановите на Милан, кои секогаш беа со нас, во убавите и во тешките моменти. Никогаш нема да го заборавам звукот на ’Сан Сиро’. Секогаш ќе биде во моето срце“, вели Бонавентура, кој одигра само 29 меча за Милан оваа сезона.

Тажното простување на Џек Бонавентура со неговиот Милан

Scroll to Top