Top Sport

Торес си замина од Валенсија па „удри“ по капитенот

Феран Торес вчера го комплетираше трансферот од Валенсија во Манчестер сити, по што влезе во неочекуван напад на својот поранешен капитен Дани Парехо.

Шпанскиот У-21 репрезентативец замина за 23 милиони евра во тимот на Пеп Гвардиола, потпишувајќи петгодишен договор со англискиот клуб и очигледно не си заминува од „Месталја“ со добро расположение.

Во интервју за „Марка“, тој вели дека ветеранот Парехо не бил „добар капитен“ за него. Клубот ја заврши сезоната 2019/20 на контроверзен начин, откако Алберт Селадес доби отказ и на негово место дојде Хави Грасија, а газдата Петер Лим се закани дека ќе продаде играчи до вредност од 100 милиони евра.

„Сега по три години сум ментално посилен. Но, кога имав 17 години не беше така. Парехо е голем играч, но немав најдобар од нос со него. На почетокот тој не ми велеше ниту добро утро. Не беше добар капитен за мене. Најлошото беше по заминувањето на Марселино, кога јас и Ли Канг-Ин бевме прогласени за виновници и тие престанаа да зборуваат со нас неколку недели“, вели 20-годишниот Торес.

Торес најверојатно е само првото заминување од „Месталја“, бидејќи постојат шпекулации дека Парехо, Јаспер Силесен, Муктар Дијахаби, Жефри Кондогбија и Кевин Гамеиро се на пазарот.

Scroll to Top